PowerWORMS, проект финансиран од ЕРАЗМУС+ програмата, има за цел да ги проучува, истражува и верификува техниките и спецификациите за производство на вермикомпост за да го пренесе знаењето на засегнатите страни; земјоделците и потрошувачите и да се дисеминира важноста на вермикомпостирањето.
Проектот разви дигитални едукативни материјали и спроведе активности за обука за земјоделци, студенти, семејства, наставници и професионалци во секторот. Проектот PowerWORMS, исто така, има за цел да воспостави мрежа и платформа за дискусија помеѓу истражувачи, академици, претставници на јавни организации, експерти за маркетинг, потрошувачи и локални производители за споделување различни перспективи, експертски мислења и откривање нови можности и начини за подобрување на производните процеси, постоечкото производство, како и олеснување на иновациите.