Browse the glossary using this index

Special | A | B | C | D | E | F | G | H | I | J | K | L | M | N | O | P | Q | R | S | T | U | V | W | X | Y | Z | ALL

Д

ДДТ

Токсичен пестицид кој се покажал дека се акумулира во ланецот на исхрана и предизвикува смрт на животни кои биле само индиректно изложени.

Декомпозира

Да се распадне, изгние; да се разложи на помали честички.

Декомпозитор

Организам кој ги разградува клетките на мртви растенија и животни во поедноставни супстанции.

Декомпозиција

Процес на разградување на сложени материјали во поедноставни супстанции. Крајните продукти на биолошката декомпозиција се јаглероден диоксид и вода.

Дисекција

Да се отвори со сечење за да се испитаат и идентификуваат внатрешните структури.

Дишење

Извршување активности за овозможување размена на гасови. Луѓето и копнените ‘рбетници го прават ова со проширување на кавитетот на белите дробови за да вдишат воздух и со намалување за да го испуштат. Црвите ја извршуваат размената на гасови преку нивната влажна кожа, но всушност не дишат.

Дождовен црв

Сегментиран црв од групата анелиди, кој опфаќа околу 3500 видови. Повеќето дождовни црви се терестријални, што значи дека живеат во земјата.Дождовните црви имаат четинки, познати како сетеи, кои им помагаат да копаат во почвата.Тие помагаат да се аерира и обогати почвата.

Дорзал

Горната обвивка на дождовниот црв.